ГОРДОН БРАУН СО ГОЛЕМА ПРОГНОЗА Ирска на долг рок ќе биде обединета
Поранешниот британски премиер смета дека обединувањето е неизбежно, но предупредува дека процесот ќе биде долг и мора да се темели на волјата на граѓаните.

Поранешниот британски премиер Гордон Браун смета дека обединувањето на Ирска на долг рок е неизбежно, но нагласува дека таквиот процес мора да се одвива постепено и со целосна согласност од граѓаните.
Во интервју за „Гардијан“, Браун посочи дека Северна Ирска има специфична позиција во однос на Шкотска, меѓу другото и поради нејзината географска поврзаност со Република Ирска.
Запрашан дали оваа поврзаност ја прави идејата за обединета Ирска логична, Браун одговори потврдно.
„Да. Па, секако, на долг рок, Ирска ќе биде обединета“, изјави поранешниот британски премиер.
Според него, евентуалното обединување не би било брз или едноставен процес, туку би зависело од расположението и волјата на населението, како и од постигнувањето широка демократска согласност.

