ТРАМП ПРЕИМЕНУВА ЕЗЕРО, КАНАДА НЕ ГО ПРИЗНАВА Ќе го викаме така сега и засекогаш
Вашингтон го воведе називот „Езеро Америка“, но од Отава стигна остар одговор за името старо повеќе од четири века.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social меморандум од директорот на Американскиот геолошки завод, Нед Мамула, според кој езерото Онтарио официјално е преименувано во „Езеро Америка“.
Во меморандумот се наведува дека Американскиот геолошки завод веќе го користи називот „Езеро Америка“ во сите свои официјални електронски документи. Промената во печатените материјали треба да започне во наредните денови, а новото име е внесено и во Информативниот систем за географски имиња.
Канадскиот премиер Марк Карни, сепак, порача дека Канаѓаните ќе продолжат да го нарекуваат езерото Онтарио „сега и секогаш“.
Карни на мрежата Икс потсети дека името Онтарио потекнува од јазикот на Вендатите и се поврзува со значењето „убаво езеро“ или „големо езеро“. Тој нагласи дека називот е стар повеќе од 400 години и претходи и на создавањето на Канадската конфедерација и на Декларацијата за независност на САД.
„Знаеме дека Америка се менува. Нивните трговски односи, нивната надворешна политика, нивните национални споменици, нивните хидроними. Канаѓаните исто така знаат дека именувањето на реалноста значи да се нарекува езеро Онтарио тогаш, сега и секогаш“, порача Карни.

