ШЕФОТ НА ЦИА ВО МОСКВА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Русија да не го премине „црвеното светло“
Шефот на американската разузнавачка агенција побарал Москва да не ги напаѓа сојузниците на НАТО и да ја намали поддршката за Иран.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, во вторникот тајно отпатувал во Москва, каде што, според американските медиуми „Политико“ и „Волстрит џурнал“ (WSJ), ја предупредил Русија да не презема чекори против земјите членки на НАТО и побарал намалување на воената и финансиската поддршка за Иран.
Посетата на Ратклиф не беше претходно најавена, а официјалните причини за неговото патување во руската престолнина не беа соопштени.
Според „Политико“, повикувајќи се на два извора запознаени со разговорите, Ратклиф особено предупредил на можноста за ескалација кон балтичките земји – Естонија, Латвија и Литванија, кои се членки на НАТО.
И „Волстрит џурнал“ објави дека главната порака на американскиот разузнавачки директор била Москва да не напаѓа ниту една членка на Алијансата. Според извештаите, тема на разговорите била и поддршката што Русија му ја обезбедува на Иран.
Кремљ потврди дека Ратклиф остварил контакти со руските разузнавачки служби, но не се сретнал со претседателот Владимир Путин. Од Кремљ соопштија дека Путин бил информиран за исходот од разговорите.
ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД СЦЕНАТА Директорот на ЦИА ненадејно пристигна во Москва

