ВОЗАЧИ, ВНИМАВАЈТЕ – АМСМ со важно предупредување за неколку патни правци

Можно е појавување на одрони, а сообраќајот е зголемен на патиштата надвор од градовите.

ВОЗАЧИ, ВНИМАВАЈТЕ – АМСМ со важно предупредување за неколку патни правци
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но АМСМ предупредува на зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони.

Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, од 17 август до 1 октомври 2026 година ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4“, на делницата Миладиновци – Свети Николе – Штип.

Од АМСМ информираат и дека патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This