СОНЧЕВО И ЖЕШКО, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ДО 39 СТЕПЕНИ Попладне можни пороен дожд и грмежи

Попладне на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

СОНЧЕВО И ЖЕШКО, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ДО 39 СТЕПЕНИ Попладне можни пороен дожд и грмежи
Фото: Национл

Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 16 до 39 степени. Во попладневните часови, на места ќе има услови за појава на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе биде засилен.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This