ШТО НАПРАВИ МАСК ЗА УКРАИНА Зеленски му додели Орден на слободата

Американскиот милијардер доби високо украинско признание за заслугите во заштитата на животот и слободата и за односите меѓу Украина и САД

ШТО НАПРАВИ МАСК ЗА УКРАИНА Зеленски му додели Орден на слободата
Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го одликува американскиот милијардер и претприемач Илон Маск со украинскиот Орден на слободата. Одлуката е објавена во декрет на официјалната веб-страница на украинскиот претседател.

Во декретот се наведува дека Маск, кој е на чело на компаниите SpaceX и Tesla, го добива високото државно признание за „извонредни лични заслуги во заштитата на животот и слободата на луѓето“, како и за придонесот во развојот на односите меѓу Украина и Соединетите Американски Држави.

Орденот на слободата е едно од највисоките украински државни одликувања со кое може да бидат наградени странски државјани.

Маск во февруари годинава изјави дека мерките преземени од SpaceX за спречување на неовластено користење на системот Starlink од страна на Русија дале резултат. Starlink има значајна улога во комуникациите на украинските сили.

CATEGORIES
Share This