ГАЛАГЕР ОД МОСКВА СО ЈАСНА ПОРАКА Итно мора да се прекине војната во Украина
Надбискупот Пол Ричард Галагер порача дека продолжувањето на конфликтот секојдневно создава нови жртви и го отежнува идното помирување.

Министерот за надворешни работи на Ватикан, надбискупот Пол Ричард Галагер, од Москва упати повик за итен прекин на војната во Украина по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
На заедничката прес-конференција по разговорите, Галагер истакна дека продолжувањето на конфликтот секојдневно носи нови жртви и ги намалува шансите за идно помирување.
„Итно е и неопходно да се прекине војната и да се погледне подалеку од конфликтот“, порача Галагер.
Тој додаде дека со Лавров разговарале за можните патишта кон мир во Украина, како и за хуманитарната соработка, особено за прашањата поврзани со децата погодени од војната. Ватикан, како што нагласи, ќе продолжи да обезбедува дипломатска, духовна и хуманитарна поддршка и да биде простор за дијалог.

