НЕВРЕМЕ ПО 38 СТЕПЕНИ Попладне Македонија ја очекуваат дожд, грмежи и град
Претпладне сончево и топло, а во попладневните и вечерните часови се очекува нестабилно време.

Фото: Принтскрин
Претпладне времето ќе биде сончево и топло, додека во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно. Се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе се движи од 14 до 38 степени.
Локално, временските процеси може да прераснат во невреме, проследено со засилен до силен ветер и појава на град.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето облачноста ќе се зголеми, а во одделни делови од Скопската Котлина ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Метеоролошки параметри за Скопје: температура 38°C, воздушен притисок 978 hPa, влажност 21%, ветер 5 m/s, УВ-индекс 7.
CATEGORIES Македонија

