ПРОМЕНЛИВО И ОБЛАЧНО ВРЕМЕ Попладне локални невремиња со град
Температурите ќе достигнат до 38 степени, а во попладневните часови на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Фото: Национал
Променливо облачно и топло време со сончеви периоди денеска ќе преовладува низ земјава. Температурите ќе се движат од 16 до 38 степени.
Во попладневните часови локално се очекува пороен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за појава на невреме, со силни налети на ветер и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина се очекува краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

