НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ОД СЕПТЕМВРИ Еве колку пари повеќе ќе легнат на сметките

Најновите податоци за платите и трошоците на живот покажуваат раст од близу 3 отсто.

НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ОД СЕПТЕМВРИ Еве колку пари повеќе ќе легнат на сметките
Фото: Принтскрин

Септемвриските пензии во Македонија се очекува да бидат повисоки за околу 3 отсто, покажуваат пресметките направени врз основа на најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Со објавувањето на просечната нето-плата за јуни веќе се познати клучните показатели за законското усогласување на пензиите и движењето на просечната плата и трошоците на живот. Тие отвораат простор за ново зголемување на пензиите од септември.

Просечната нето-плата во јуни изнесувала 48.381 денар, што претставува годишен раст од 6,4 отсто. Во периодот јануари-јуни 2026 година, просечната плата достигнала околу 47.986 денари, односно приближно 4,75 отсто повеќе во споредба со просекот во второто полугодие од 2025 година.

Во исто време, просечните трошоци на живот во првите шест месеци од годинава пораснале за околу 1,17 отсто во однос на претходното полугодие.

Според законската методологија, при усогласувањето на пензиите се земаат предвид половина од растот на платите и половина од растот на трошоците на живот. Врз основа на достапните податоци, тоа би резултирало со зголемување од околу 2,96 отсто.

Доколку оваа стапка биде официјално потврдена, пензионерите со пензија од 20.000 денари би добиле околу 592 денари повеќе, оние со 30.000 денари околу 888 денари, а пензијата од 40.000 денари би се зголемила за приближно 1.184 денари.

Доколку конечното усогласување биде заокружено на 3 отсто, зголемувањето би изнесувало околу 600 денари за пензија од 20.000 денари, 900 денари за пензија од 30.000 денари и 1.200 денари за пензија од 40.000 денари.

За разлика од претходните линеарни зголемувања, од септември повторно се применува процентуално усогласување. Тоа значи дека повисоките пензии ќе добијат и поголемо номинално зголемување.

Сепак, конечната стапка допрва треба официјално да биде утврдена од надлежните институции, па можно е да има мала разлика во однос на актуелните пресметки.

НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ВО СЕПТЕМВРИ Овојпат не сите ќе добијат исто

CATEGORIES
Share This