КОЈ ГО РАЗНЕСЕ „СЕВЕРЕН ТЕК 2“ Зеленски категоричен: Украина не е вмешана

Украинскиот претседател тврди дека Киев никогаш официјално не учествувал во операција поврзана со саботажата и порача дека Украина е подготвена да соработува во истрагата.

КОЈ ГО РАЗНЕСЕ „СЕВЕРЕН ТЕК 2“ Зеленски категоричен: Украина не е вмешана
Фото: Принтскрин

Украина никогаш официјално не учествувала во каква било операција поврзана со саботажата на гасоводот „Северен тек 2“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На самитот „Украина – Нордиско-балтички осум“ (NB8) во Киев, Зеленски порача дека Украина е подготвена да соработува во истрагата за случајот.

„Украина никогаш официјално не учествувала во никаква операција поврзана со саботажата на „Северен тек 2““, рече Зеленски.

Тој додава дека истрагата продолжува и дека во процесот се вклучени обвиненија и сведоци.

Украинскиот претседател истакна и дека за ова прашање биле одржани разговори на високо ниво со претставници на Германија.

Зеленски нагласи дека Киев е отворен за соработка и за разјаснување на сите околности поврзани со саботажата на гасоводот.

УАПСЕН ВО ПУЛА ДОДЕКА СЕ СНИМАЛ ФИЛМ ЗА СЕВЕРЕН ТЕК Украински нуркач осомничен за експлозиите во рацете на германските власти

CATEGORIES
Share This