ПУТИН СО ЈАСНА ПОРАКА Русија ќе одржи избори дури и во најтешки услови
Рускиот претседател порача дека Москва сама ја определува својата иднина, а за Украина оцени дека колку е потешко на фронтот, толку се поварварски нападите.

Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин денеска порача дека Русија нема да се откаже од принципот на народно владеење, дури ни во најтешки околности, и дека избори ќе се одржуваат на сите нивоа.
Во обраќањето на конгресот на партијата „Единствена Русија“ во Москва, Путин истакна дека Русија е суверена држава која самостојно ја определува својата иднина.
Осврнувајќи се на војната во Украина, рускиот претседател оцени дека со влошувањето на ситуацијата на фронтот за украинската страна, како што наведе, се зголемуваат и „варварските напади“.
Путин притоа повтори дека Москва останува посветена на сопствените политички принципи и на самостојното носење одлуки за иднината на земјата.
CATEGORIES Свет

