РЕГИСТРИРАНИ 43 СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Позитивен и угинат гавран

Центар и Чаир се меѓу новите скопски општини во кои е потврдено присуство на вирусот.

РЕГИСТРИРАНИ 43 СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Позитивен и угинат гавран
Фото: Принтскрин

Западнонилската треска продолжува да се шири во Скопје, а бројот на регистрирани случаи достигна 43. Здравствените власти потврдија дека вирусот веќе е присутен и во општините Центар и Чаир, со што заразата се проширува и во централните градски подрачја.

Вирусот го пренесуваат комарци, а неговото ширење во нови општини ја зголемува загриженоста кај здравствените власти и епидемиолозите.

Дополнителен аларм предизвикува и регистрирањето на вирусот кај птиците. На терен е пронајден угинат гавран, кој по лабораториското тестирање бил позитивен на вирусот на западнонилска треска.

Птиците се природен резервоар на вирусот. Комарците го пренесуваат вирусот од заразените птици, а потоа можат да го пренесат и на луѓето.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат особено внимателни и да користат средства за заштита од комарци, како и да избегнуваат непотребен престој на отворено во вечерните часови, кога активноста на комарците е зголемена.

CATEGORIES
Share This