МУРИЊО БРУТАЛНО ИСКРЕН ЗА ЛАМИН ЈАМАЛ Одговорот за ѕвездата на Барселона ќе ги воодушеви навивачите на Реал!

Португалецот без двоумење одби да го донесе Јамал во Мадрид, а со само неколку зборови испрати јасна порака за својот тим.

МУРИЊО БРУТАЛНО ИСКРЕН ЗА ЛАМИН ЈАМАЛ Одговорот за ѕвездата на Барселона ќе ги воодушеви навивачите на Реал!
Фото: Принтскрин

По 13 години, Жозе Мурињо повторно се враќа на клупата на Реал Мадрид, со јасна задача – да го врати трофејниот менталитет во „Сантијаго Бернабеу“. Откако минатата сезона „Кралевите“ останаа без трофеј, Португалецот ќе има обврска повторно да го врати тимот на победничкиот пат.

Во пресрет на новата сезона, Мурињо беше прашан дали во својот тим би сакал да го има Ламин Јамал, големата ѕвезда на Барселона. Искусниот стратег без многу размислување даде одговор во свој препознатлив стил.

„Не. Без сомнение, тој е одличен играч и млад фудбалер со огромен потенцијал за развој. Невообичаено е на негови години веќе да биде европски и светски шампион. Но, ние имаме тим од највисоко ниво и не би отстапил место за никого“, изјави Мурињо, пренесува шпанскиот „АС“.

Португалецот има целосна доверба во составот со кој располага и смета дека актуелните играчи се доволно квалитетни за Реал повторно да се искачи на врвот.

„Моите играчи се најдобри“, кратко порача Мурињо.

Според новиот договор, Португалецот би требало да остане на клупата на Реал Мадрид до јуни 2029 година.

CATEGORIES
Share This