КУП НА МАКЕДОНИЈА: ВАРДАР, ПЕЛИСТЕР, ШКУПИ И ШКЕНДИЈА СО НЕЗГОДНИ РИВАЛИ Познати сите 15 дуели

Елиминации од самиот старт: само еден натпревар ќе одлучува кој продолжува, а Силекс веќе обезбеди место во 1/8-финалето.

КУП НА МАКЕДОНИЈА: ВАРДАР, ПЕЛИСТЕР, ШКУПИ И ШКЕНДИЈА СО НЕЗГОДНИ РИВАЛИ Познати сите 15 дуели
Фото: Принтскрин

Утврден е распоредот за 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27. Паровите се одредени согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26.

Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека бранителот на трофејот, Силекс, е слободен и директно се пласира во 1/8-финалето.

Паровите во 1/16-финалето:

  • Овче Поле Свети Николе – Вардар
  • Победа Валандово – Струга Трим Лум
  • Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930
  • Могила 2023 – Аресими 1973
  • БВК Коњари – Башкими 1947
  • Студеничани – Пелистер
  • Венец Неготино – АП Брера Струмица
  • Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932
  • Вардар Неготино – Работнички
  • Каменица Саса – Шкупи 1927
  • Тетекс 1953 – Брегалница 2008
  • Кожуф Гевгелија – Скопје
  • Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново
  • Новаци 2005 – Охрид Лихнидос
  • Осогово – Беласица

Натпреварите ќе се играат на 1 или 2 септември 2026 година, со исклучок на дуелите Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930 и Могила 2023 – Аресими 1973, кои се закажани за 24 септември поради учеството на селекција од Битола на квалификациите за УЕФА Регионалниот куп во Босна и Херцеговина.

Домаќините ќе можат да ги организираат натпреварите на стадиони кои ги исполнуваат условите и се одобрени најмалку за одигрување натпревари од Втората МФЛ.

Според пропозициите за Купот на Македонија за сезоната 2026/27, до финалето ќе се игра само еден натпревар, без реванш-средби. Во случај на нерешен резултат по истекот на 90 минути, победникот веднаш ќе се одреди со изведување пенали.

Ждрепката за 1/8-финалето ќе биде извршена согласно пропозициите за Куп натпреварувањето за сезоната 2026/27.

CATEGORIES
Share This