МЕРЦ ГО ДОПРЕ ДНОТО Популарноста на германскиот канцелар рекордно падна
Само 20 отсто од Германците позитивно го оценуваат неговото работење, додека 75 отсто се незадоволни.

Популарноста на германскиот канцелар Фридрих Мерц продолжува да се намалува, додека деснопопулистичката Алтернатива за Германија (AfD) и понатаму има предност пред конзервативниот блок CDU/CSU, покажуваат резултатите од августовскиот „Политбарометар“.
Според истражувањето, Мерц на скалата од -5 до +5 добил просечна оценка од -1,9, што е негов најслаб резултат откако ја презеде функцијата. Претходно најниска оценка имал кон крајот на јули, кога изнесувала -1,5, објави „Шпигел“.
Незадоволството од неговото работење дополнително се зголемило. Дури 75 отсто од испитаниците изјавиле дека не се задоволни од начинот на кој Мерц ја извршува функцијата германски канцелар, додека само 20 отсто дале позитивна оценка за неговото работење.
Резултатите укажуваат на продолжување на падот на довербата во Мерц, во период кога AfD ја задржува својата изборна предност пред CDU/CSU.

