ФИЛИПЧЕ ОТКРИ КОГА ЌЕ ИМА ИЗБОРИ Кога ќе снема пари…

Лидерот на СДСМ порача дека власта сама може да распише предвремени избори и дека СДСМ нема да биде нејзино алиби.

ФИЛИПЧЕ ОТКРИ КОГА ЌЕ ИМА ИЗБОРИ Кога ќе снема пари…
Фото: СДСМ

СДСМ нема да биде алиби на власта за распишување предвремени парламентарни избори, порача денеска лидерот на партијата, Венко Филипче, на прес-конференција.

Тој оцени дека власта има целосна контрола на сите нивоа и дека, доколку сака, може да организира избори во кој било момент.

„Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот, кој има двотретинско мнозинство. Апсолутна власт на секое ниво – претседателката, извршната власт, Собранието, мнозинството во општините, централната и локалната власт. Може да направи избори кога сака“, изјави Филипче.

Според него, избори ќе има тогаш кога ќе бидат исцрпени средствата за, како што ги нарече, „коруптивните тендери“.

Филипче посочи дека СДСМ секојдневно се подготвува за избори. Тој најави дека следниот месец партијата ќе го претстави „Мастер планот за Македонија“, кој ќе содржи неколку чекори и конкретни ветувања кон граѓаните.

Во однос на ставот на ДУИ за предвремени парламентарни избори, лидерот на СДСМ рече дека не бил во можност да го коментира бидејќи информацијата била објавена непосредно пред прес-конференцијата.

На прашањето дали би присуствувал на лидерска средба доколку биде свикана за разговори околу изборите, Филипче одговори дека СДСМ е подготвена да учествува на секоја средба што е во интерес на граѓаните и државата.

„Ќе одам на која било средба ако е за доброто на граѓаните и државата“, рече Филипче.

https://nacionalno.mk/mickoski-do-opozici-ata-sakate-predvremeni-izbori-e-ve-pobedime/

CATEGORIES
Share This