КОГА СЕ СЛЕДНИТЕ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ Ни претстојат уште неколку продолжени викенди

По Илинден, граѓаните ги очекуваат нови празници и можности за одмор – погледнете ги сите неработни денови до крајот на годината.

КОГА СЕ СЛЕДНИТЕ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ Ни претстојат уште неколку продолжени викенди
Фото: Принтскрин

По продолжениот викенд за Илинден, граѓаните во наредниот период ги очекуваат уште неколку неработни денови, меѓу кои и два продолжени викенди.

Следниот неработен ден за граѓаните од православна вероисповед е 28 август – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), кој оваа година се паѓа во петок и овозможува продолжен викенд.

За сите граѓани

  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание, бидејќи 11 октомври се паѓа во недела – продолжен викенд
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба – продолжен викенд
  • 8 декември (вторник) – Свети Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) – продолжен викенд

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ
CATEGORIES
Share This