ИРАН УДРИ НА АМЕРИКАНЦИТЕ 30.000 долари награда за секој заробен или убиен американски војник
Техеран испрати жестока порака до Вашингтон – иранскиот командант откри колку ќе се плаќа за американски припадник.

Фото: Принтскрин
Иранската армија нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на припадник на американските вооружени сили.
Според иранската агенција „Фарс“, ова го изјавил врховниот командант на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој посочил дека наградата ќе биде исплатена за секој американски војник кој ќе биде заробен или убиен. Информацијата е објавена и од „Iran International“.
Оваа изјава доаѓа во услови на сериозно зголемени тензии меѓу Техеран и Вашингтон.
САД претходно го прогласија Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), кој е официјален дел од вооружените сили на Иран, за терористичка организација.
CATEGORIES Свет

