ПО РЕЧИСИ ЕДЕН МЕСЕЦ Гостиварци конечно добија вода за пиење

Последните анализи потврдија дека водата е микробиолошки и бактериолошки исправна.

ПО РЕЧИСИ ЕДЕН МЕСЕЦ Гостиварци конечно добија вода за пиење
Фото: Принтскрин

По речиси еден месец, жителите на Гостивар повторно можат безбедно да ја користат водата од градскиот водовод за пиење.

Од Главниот штаб за управување со кризи денеска соопштија дека последните резултати од анализите потврдиле оти водата е микробиолошки и бактериолошки исправна, со што се исполнети условите за повторно користење за пиење.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство истакна дека добиените резултати ја потврдуваат исправноста на водата.

Од Главниот штаб апелираат граѓаните, пред повторно да ја користат водата за пиење, добро да ги испуштат чешмите, односно да ја остават водата да истече од системот.

Претходно денеска Главниот штаб за управување со кризи одржа седница на која беа разгледани најновите информации и резултатите поврзани со квалитетот на водата од гостиварскиот водовод.

CATEGORIES
Share This