ВО ДЕЛ ОД СКОПЈЕ Прекини во снабдувањето со струја и вода

ЕВН најавува прекини во Илинден и Сарај, а без вода ќе останат корисници на улицата „Мирослав Крлежа“ во Центар.

ВО ДЕЛ ОД СКОПЈЕ Прекини во снабдувањето со струја и вода
Фото: Принтскрин

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисници во делови од општините Илинден и Сарај.

Во периодот од 06:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од село Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма, во општина Илинден.

Од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците во околината на Старата џамија и зад општината во Сарај, во општина Сарај.

Во меѓувреме, од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на улицата „Мирослав Крлежа“ бб, во општина Центар.

Прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа со профил Ф-100 мм, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на активностите.

CATEGORIES
Share This