СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ ПРОДОЛЖУВА На ред градежното вештачење за објектот

На денешното рочиште ќе бидат распитани и вештаците кои го изработиле извештајот за трагичниот пожар во кој загинаа 63 лица.

СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ ПРОДОЛЖУВА На ред градежното вештачење за објектот
Фото: Принтскрин

Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

На денешното рочиште предвидено е изведување на градежното вештачење за објектот, како и распит на вештаците кои го изработиле извештајот.

На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, изјави дека анализата потврдила сериозни пропусти во системот. Според него, институциите и одговорните лица потфрлиле во исполнувањето на своите обврски, а не биле почитувани ниту важечките стандарди, регулативи и законски процедури.

CATEGORIES
Share This