НОВ ВОЕН СОЈУЗ КАКО НАТО ЧЛЕН 5 Турција, Пакистан и Саудиска Арабија склучија договор за меѓусебна одбрана

Ако нападнат една - нападнати се сите.

НОВ ВОЕН СОЈУЗ КАКО НАТО ЧЛЕН 5 Турција, Пакистан и Саудиска Арабија склучија договор за меѓусебна одбрана
Фото: Принтскрин

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија склучија договор за меѓусебна одбрана, кој според турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, е технички еквивалентен на принципот на колективна одбрана од Членот 5 на НАТО.

Фидан во саботата изјави дека договорот не е насочен против Иран или која било друга конкретна земја, туку има цел да ја зајакне безбедноста и меѓусебната одбрана на трите држави.

Договорот, наречен „Договор за меѓусебна одбрана во Мека“, беше потпишан во петокот и предвидува вооружен напад врз една од трите земји да се смета како напад врз сите. Со тоа, Турција, Пакистан и Саудиска Арабија воспоставуваат механизам за заедничко одвраќање од евентуална агресија.

Фидан објасни дека во случај на напад, земјите ќе се консултираат за обемот, формата и начинот на поддршката што ќе биде потребна. Тој нагласи дека ниту една земја нема да се смета за закана сè додека не изврши напад врз некоја од членките.

ЕРДОГАН САКА ПРОШИРУВАЊЕ НА СОЈУЗОТ

Според Фидан, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака новиот безбедносен механизам да биде отворен за приклучување и на други земји од регионот. Како еден од потенцијалните кандидати тој го спомена и Египет. Турскиот министер нагласи дека новиот сојуз не треба да ги замени постојните меѓународни безбедносни структури.

„НАТО е огромен воен сојуз со 32 земји. Почнавме како три земји и мора да преземеме многу скромни, но конкретни чекори“, рече Фидан.

Тој откри дека договорот бил подготвуван речиси три години – две години и осум месеци а во рамките на новата алијанса е планирано формирање комитет на министри, по примерот на структурите на НАТО.

СЕДИШТЕТО ЌЕ БИДЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА

Предвидено е да биде формиран и генерален секретаријат со седиште во Саудиска Арабија. Оперативните детали за функционирањето на новиот безбедносен механизам треба да бидат утврдени на првиот состанок на министерскиот комитет. Договорот доаѓа во период на зголемени регионални тензии и безбедносна нестабилност на Блискиот Исток, особено по иранските ракетни напади врз земји од Заливот.

Иако Анкара инсистира дека новиот сојуз не е насочен против Техеран, неговото формирање претставува значајно ново безбедносно поврзување меѓу три влијателни регионални сили.

СВЕТОТ ПУКА ВО ДВЕ АКЦИИ Саудиска Арабија, Турција и Пакистан склучија пакт – Иран добива нов фронт пред себе

CATEGORIES
TAGS
Share This