ХОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ОСТАНУВА ЗАТВОРЕН Аракчи откри што се подготвува со Оман

Аракчи откри дека посредниците се обидуваат да го обноват дијалогот, но Техеран засега не отстапува.

ХОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ОСТАНУВА ЗАТВОРЕН Аракчи откри што се подготвува со Оман
Фото: Принтскрин

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека во моментов не постојат услови за продолжување на преговорите меѓу Иран и САД, иако посредниците продолжуваат да бараат можности за повторно отворање на дијалогот.

„Сè додека не престанат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека не биде надоместено она што е прекршено, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите“, изјави Аракчи на настан во Центарот за политички и меѓународни студии при иранското Министерство за надворешни работи, пренесува „Тасним“.

Шефот на иранската дипломатија откри и дека Техеран води разговори со Оман околу воспоставување нови поморски маршрути низ Ормускиот теснец. Според него, преговорите се во завршна фаза, а експертите веќе работат на утврдување на новите рути кои би ги замениле постојните.

Аракчи, сепак, нагласи дека евентуалниот договор со Оман не значи автоматско отворање на Хормускиот теснец.

„Овој договор може да биде постигнат, но отворањето на Ормускиот теснец зависи од исполнувањето на голем број услови“, порача Аракчи.

Така, и покрај разговорите со посредници и со Оман, Иран засега не најавува враќање на преговарачката маса со Вашингтон, а режимот на пловидба низ стратешкиот теснец останува условен.

ДРАМА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ – Аракчи призна, добив пораки од САД, но не преговараме

CATEGORIES
Share This