НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА НА ПЕЛИСТЕР Снег падна среде лето

Снежна покривка е забележана на врвот на Пелистер, на надморска височина од 2.601 метар, а фотографиите ги направија вработени во пунктот на Националната радиодифузија.

НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА НА ПЕЛИСТЕР Снег падна среде лето
Фото: Принтскрин

Необичната временска појава е забележана на врвот на планината, а фотографиите ги направија вработени во пунктот на Националната радиодифузија.

„Пелистер истовремено е убав и моќен, но и непредвидлив во своите намери“, објавија од Националниот парк „Пелистер“.

Снежните врнежи во летниот период не се новост за највисоките делови на Пелистер, каде што временските услови можат нагло да се променат и во најтоплите месеци.

CATEGORIES
Share This