ДРАМА НА НЕБОТО НАД РУСИЈА Соборени дури 242 украински дронови
Руското Министерство за одбрана тврди дека беспилотните летала биле пресретнати над повеќе од 15 региони, како и над Црното и Азовското Море.

Дежурните единици на руските Воздухопловни сили во текот на ноќта пресретнале и уништиле 242 украински беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според информациите од руската страна, беспилотните летала биле соборени над повеќе региони, меѓу кои Белгородскиот, Брјанскиот, Калушкиот, Курскиот, Ленинградскиот, Новгородскиот, Орјолскиот, Псковскиот, Ростовскиот, Рјазанскиот, Смоленскиот, Тверскиот и Тулскиот регион.
Напади и пресретнувања, според соопштението, биле регистрирани и над Московскиот регион, Краснодарскиот и Ставрополскиот крај, како и над Крим и водите на Азовското и Црното Море.
Руското Министерство за одбрана тврди дека нападите биле одговор на дејствувањата на украинските вооружени сили врз цивилна инфраструктура. Од Москва наведуваат дека руските сили, како што тврдат, изведуваат напади врз воени објекти и капацитети на украинскиот воено-индустриски комплекс, користејќи прецизно наведувано оружје од воздух, море и копно, како и беспилотни летала.


