БЕЗ СТРУЈА ВО КАРПОШ – ЕВН објави кои корисници ќе останат без напојување
Екипите на ЕВН ќе вршат планирани активности на мрежата, поради што ќе има привремен прекин на електричната енергија.

Фото: Принтскрин
Од ЕВН Македонија АД информираат дека дел од корисниците во општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 12:00 часот, а без напојување ќе бидат објектите на Природнонаучниот музеј и Тобако кај Зоолошката градина.
CATEGORIES Македонија


