ГОТОВО Е – Иран ги прекинува обврските кон САД, Америка го прекрши договорот

Иранските власти соопштија дека повеќе нема да го спроведуваат меморандумот за разбирање со САД, обвинувајќи го Вашингтон дека ги прекршил сите преземени обврски. Во Техеран предупредуваат дека, доколку продолжи ескалацијата, земјата ќе премине од одмаздничка во офанзивна фаза.

ГОТОВО Е – Иран ги прекинува обврските кон САД, Америка го прекрши договорот
Фото: Принтскрин

Иран нема да ги исполнува своите обврски ниту ќе го спроведува меморандумот за разбирање со Соединетите Американски Држави, откако, според Техеран, Вашингтон ги прекршил преземените обврски, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади.

„САД ги прекршија и ги суспендираа сите свои обврски според Меморандумот за разбирање од Исламабад“, изјави Гарибабади.

Тој додава дека Иран во моментов е целосно насочен кон одбраната на земјата, пренесува Iran International.

Во меѓувреме, високиот советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, предупреди дека доколку САД ја продолжат воената ескалација во наредните денови, Иран ќе премине од одмаздничка во офанзивна фаза.

Резаи истакна дека очекувањата оти американскиот претседател Доналд Трамп ќе се повлече од меморандумот се покажале како точни, тврдејќи дека Вашингтон практично го поништил договорот со прекршување на сите пет прелиминарни одредби.

Како прво прекршување, тој го наведе, според иранската страна, неисполнувањето на договореното во врска со прекинот на огнот во Либан и неповлекувањето на израелските сили.

Дополнително, Резаи ја обвини американската страна дека охрабрувала и насочувала бродови да пловат низ Хормутскиот Теснец без согласност и контрола на Иран, што, според него, претставува уште едно сериозно прекршување на договорените услови.

CATEGORIES
Share This