БРИСЕЛ ПОВЛЕЧЕ НОВ ПОТЕГ ЗА БАЛКАНОТ Словенечки дипломат доби клучна улога за помирување и нормализација

Марко Маковец, поранешен директор во Европската служба за надворешно дејствување, ќе биде задолжен за чувствителните процеси на дијалог и стабилност во регионот.

БРИСЕЛ ПОВЛЕЧЕ НОВ ПОТЕГ ЗА БАЛКАНОТ Словенечки дипломат доби клучна улога за помирување и нормализација
Фото: Принтскрин

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за нов главен советник за помирување и нормализација на односите на Западен Балкан, во рамките на Генералниот директорат за соседство и проширување (DG NEAR).

Овој директорат е клучната институција на Европската Унија задолжена за процесот на проширување и поддршка на земјите кандидати и потенцијални кандидати во исполнувањето на условите за членство.

Маковец до неодамна беше шеф на кабинетот на еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во својата досегашна кариера, тој има долгогодишно искуство во европската дипломатија, а претходно беше директор во Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС).

На таа позиција беше одговорен за досиејата поврзани со Западен Балкан, Турција, земјите од Европската економска област, како и за односите со Обединетото Кралство по излегувањето од Европската Унија.

Неговото назначување доаѓа во период на засилени напори на Брисел за стабилност, дијалог и надминување на отворените прашања во регионот на Западен Балкан.

CATEGORIES
TAGS
Share This