МИСТЕРИОЗНА СРЕДБА ВО КАБИНЕТОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН Што разговарале со државниот обвинител
МПЦ-ОА потврди дека Ненад Савески бил гостин кај архиепископот, но не откри детали за темите на разговорот.

Невообичаена средба се одржала пред два дена во кабинетот на архиепископот Стефан во Скопје. Според информациите објавени од Скопската епархија, гостин на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија бил државниот јавен обвинител Ненад Савески.
На средбата присуствувал и Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф, но од МПЦ-ОА не открија дополнителни детали за разговорот.
Познато е само дека средбата се одржала на 15 јули 2026 година. Останува нејасно на чија иницијатива била организирана, кои теми биле разгледувани и поради која причина поглаварот на црквата разговарал со државниот јавен обвинител. Прашањата за содржината на средбата и нејзината цел засега остануваат без официјален одговор.
Национал побара одговор од Синодот на МПЦ за темата и причините на средбата.


