КАРЛО АНЧЕЛОТИ ЗАМИНУВА ОД РЕАЛ МАДРИД Чаби Алонсо нов стратег на „кралевите“

Со оваа тренерска промена, Реал Мадрид започнува ново поглавје, а очекувањата се големи - како од навивачите, така и од челниците на клубот.

Ерата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид се ближи кон својот крај. Искусниот италијански стратег, кој остави длабок печат на „Сантијаго Бернабеу“, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната 2024/2025, без оглед на исходот во Ла Лига, каде Мадриѓаните сè уште се во трка за титулата.

КАРЛО АНЧЕЛОТИ ЗАМИНУВА ОД РЕАЛ МАДРИД Чаби Алонсо нов стратег на „кралевите“

Според добро информираната шпанска спортска редакција „Марка“, Анчелоти и управата на клубот веќе постигнале договор за разделба, а иднината на тренерската позиција е сигурна – Чаби Алонсо е избраниот наследник.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и актуелен тренер на Баер Леверкузен ќе ја преземе функцијата по крајот на Светското клупско првенство. За време на тој турнир, екипата ќе ја води Сантијаго Солари. Алонсо потпиша договор на три години и веќе ја прифатил стратегијата на клубот, што вклучува континуитет со постојниот состав, без радикални промени.

Алонсо, кој со Леверкузен направи вистинско фудбалско чудо освојувајќи ја Бундеслигата, Купот и Супер Купот на Германија, во Мадрид ќе работи со ѕвезди од светска класа како Винисиус Жуниор, Џуд Белингам и најновото засилување – Килијан Мбапе.

Иако нема да има целосна слобода во трансфер политиката, Алонсо ќе може да предложува засилувања. Едно веќе е договорено – англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд пристигнува во Мадрид. Дополнително, Алонсо побарал уште двајца играчи: централен дефанзивец и играч за средината на теренот, кои клубот е подготвен да ги обезбеди.

Со оваа тренерска промена, Реал Мадрид започнува ново поглавје, а очекувањата се големи – како од навивачите, така и од челниците на клубот. Чаби Алонсо ќе има задача да ја продолжи богатата традиција на успех и да воведе нова ера на модерна и доминантна игра на „Бернабеу“.

CATEGORIES
Share This