ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ ВО СКОПЈЕ Еве каде денеска нема да има струја и вода

Без струја ќе биде населбата Коштан во Горно Соње, а без вода селата Рашче, Бојане и Копаница во општина Сарај.

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ ВО СКОПЈЕ Еве каде денеска нема да има струја и вода
Фото: Национал

Жителите на делови од Скопје денеска ќе се соочат со планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, поради планирани работи, без вода ќе бидат корисниците во селата Рашче, Бојане и Копаница, во општина Сарај.

Од РЦУК апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да ги имаат предвид најавените прекини.

CATEGORIES
Share This