СТИГНУВА ЖЕШТИНАТА Температурите денеска ќе достигнат до 36 степени

Метеоролозите најавуваат вистински летен ден со многу сонце, високи температури и умерен ветер.

СТИГНУВА ЖЕШТИНАТА Температурите денеска ќе достигнат до 36 степени
Фото: Принтскрин

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и температура во интервал од 12 до 36 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошкли работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието и во источните делови повремено ќе биде засилен.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This