250 ИМИЊА НА МЕТА, НО ДОГОВОР НЕМА Што го закочи новиот пакет санкции на ЕУ
Каја Калас потврди дека договорот сè уште не е постигнат, додека ЕУ планира да додаде околу 250 лица на листата на санкционирани.

Фото: Принтскрин
Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија не постигнаа договор за 21-от пакет санкции пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, изјави високата претставничка на Унијата за надворешна политика, Каја Калас.
„Работата на 21-от пакет санкции сè уште не е завршена“, посочи Калас.
Таа додава дека министрите очекуваат на листата на санкционирани лица да бидат додадени околу 250 лица од различни сектори.
Претходно, „Еурактив“ објави дека земјите членки на ЕУ не успеале да постигнат согласност за предлогот на Европската комисија за воведување забрана за влез во Унијата за учесници во специјалната воена операција, поради технички проблеми во спроведувањето на мерката.
CATEGORIES Свет


