СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ ПОД ЅВЕЗДИТЕ Античкиот театар оживеа со почетокот на „Охридско лето“

Со свеченост во Античкиот театар започна 66. издание на „Охридско лето“, кое 40 дена ќе го носи духот на светската култура во градот под Самоиловата тврдина.

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ ПОД ЅВЕЗДИТЕ Античкиот театар оживеа со почетокот на „Охридско лето“
Фото: Принтскрин

Со свечена церемонија во Античкиот театар, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа го означи почетокот на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Во своето обраќање, таа истакна дека во период исполнет со поделби, конфликти и неизвесност, културата и уметноста остануваат силен поттик за надеж, разбирање, мир и солидарност меѓу луѓето.

Според Сиљановска-Давкова, музиката и театарот имаат моќ да ги надминат границите на возможното, создавајќи вредности кои се длабоко поврзани со човечката природа и потреба за изразување.

Таа нагласи дека Охрид со право ја носи титулата културна метропола на Македонија и дека неговата историја, традиција и амбиент го прават идеална сцена за фестивал со меѓународен углед.

Во текот на 40 фестивалски денови, Охрид ќе биде центар на културни настани, со настапи на бројни домашни и реномирани светски уметници.

CATEGORIES
Share This