ПРАШАЊЕ КОЕ БАРА ОДГОВОР По кој Устав и закон само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА, ЗНАМ треба да ги пишуваат изборните правила

Обвинувања дека вонпарламентарните партии се оставени на маргините и дека се загрозува принципот на еднаквост.

ПРАШАЊЕ КОЕ БАРА ОДГОВОР По кој Устав и закон само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА, ЗНАМ треба да ги пишуваат изборните правила
Фото: Единствена Македонија

Единствена Македонија најостро реагира на политичката ароганција на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ, кои си го присвојуваат ексклузивното право да ги креираат изборните правила што ќе важат за сите учесници.

Секојдневните наводни политички судири меѓу овие партии сè повеќе се покажуваат како добро режирана претстава за јавноста. Кога се во прашање нивните заеднички интереси, тие без двоумење постигнуваат договор. Така е и сега, наместо транспарентен и демократски процес, тие во тесен партиски круг ги кројат изборните правила и договараат како повторно да ги користат буџетските пари за финансирање на своите изборни кампањи.

Според нивниот договор, во 20-дневната изборна кампања за вонредните парламентарни избори во 2027 година, веќе се договорија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН да добијат по околу 800.000 евра, додека Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра. Вонпарламентарните партии се сиклучуваат од играта и дефакто се укинуваат.

Ова е директно потценување на демократијата и на уставниот принцип на еднаквост на сите учесници во изборниот процес. Уставот и законите не познаваат привилегирани партии со право да одлучуваат во име на сите. Напротив, секој политички субјект што учествува на изборите има право да биде дел од процесот на подготовка и усвојување на изборните правила.

Затоа, јавно прашуваме:

По кој Устав, по кој закон и врз основа на каков демократски принцип ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ си земаат за право сами да ги определуваат изборните правила што ќе важат за сите политички партии?

Одговорот на ова прашање го должат не само на Единствена Македонија, туку и на целата македонска јавност. Граѓаните имаат право да знаат дали изборните правила се носат во интерес на демократијата или во интерес на овие партии кои се обидуваат да го зачуваат својот политички монопол.

Единствена Македонија нема да прифати изборен процес во кој правилата ги пишуваат исклучиво оние што имаат најголема политичка и финансиска корист од таквиот договор. Демократијата подразбира еднаквост, транспарентност и учество на сите, а не договори зад затворени врати и партиски монополи.

CATEGORIES
Share This