ПОРАДИ СПОРНИОТ ХОТЕЛ НА МИЈАЛКОВ Охрид добива клоца од УНЕСКО
‘Горица 3’ повторно во центарот на вниманието додека Комитетот за светско наследство одлучува дали Охридскиот Регион ќе заврши на Листата на загрозено наследство“.

Охридскиот Регион повторно е пред одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој на 48. сесија во Бусан, Јужна Кореја, ќе разгледува дали подрачјето ќе биде впишано на Листата на светско наследство во опасност.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува Македонија и Албанија да ја избегнат оваа одлука. Тој изјави дека по разговорите со претставници на земјите членки на Комитетот и по посетата на меѓународна делегација на Охрид, има поголем оптимизам.
Сепак, опасноста не е отстранета. УНЕСКО претходно предупреди на проблемите со урбанизацијата, дивоградбите, загадувањето, еутрофикацијата на езерото, управувањето со отпадот и големите инфраструктурни проекти. Од Македонија и Албанија беше побарано да преземат конкретни мерки за заштита на регионот, меѓу кои подобро просторно планирање, решавање на проблемот со дивоградбите и проценка на влијанието на проектите од Коридорот 8.
Владата смета дека изградбата на автопатската делница Требеништа – Струга – Ќафасан не е спорна, но УНЕСКО сè уште бара дополнителни анализи пред да се донесат конечни одлуки. Впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на загрозено наследство не значи автоматско губење на статусот на светско наследство, туку воведување дополнителен надзор и мерки за заштита.
Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО од 1979 година поради природните вредности, а од 1980 година и поради културното наследство. Во 2019 година заштитеното подрачје беше проширено и на албанскиот дел од езерото.
Да потсетиме, во центарот на вниманието повторно се најде хотелскиот комплекс „Горица 3“ на Сашо Мијалков, објект кој граѓанските организации го посочуваат како пример за градење спротивно на правилата.
СКАНДАЛ ВО ОХРИД – Хотелот на Мијалков во финална фаза, се гради спротивно на сите правила
САМОВОЛИЕТО НА МИЈАЛКОВ ПРОДОЛЖУВА Без проблем незаконски си го гради хотелот над Охридското езеро


