МИСТЕРИЈА ПОД ЗЕМЈА КАЈ ЦРНОБУКИ Откриени над 400 антички монети од заборавен град

Археолозите пронајдоа вредни сведоштва, меѓу кои и пари од времето на Филип Втори Македонски.

МИСТЕРИЈА ПОД ЗЕМЈА КАЈ ЦРНОБУКИ Откриени над 400 антички монети од заборавен град
Фото: Принтскрин

Во текот на петгодишните систематски археолошки ископувања на локалитетот Градиште кај селото Црнобуки, Битолско, досега се пронајдени повеќе од 400 монети.

Колекцијата е дополнително збогатена со нови примероци откриени за време на годинешните истражувања, кои продолжија со целосно доистражување на древниот македонски град.

Координаторот на проектот, Енгин Насух, археолог советник-кустос во Завод и музеј Битола, истакнува дека меѓу движните археолошки наоди се издвојуваат и монети ковани во периодот на владеењето на македонскиот крал Филип Втори Македонски, таткото на Александар Велики.

CATEGORIES
Share This