БЕЛГИЈА ГИ УРНА АМЕРИКАНЦИТЕ, СЕГА ГО НАПАЃА НАЈГОЛЕМИОТ ФАВОРИТ Спектакл во Лос Анџелес

Шпанија досега доминира на турнирот без примен погодок, но „Црвените ѓаволи“ покажаа дека можат да се носат со најсилните.

БЕЛГИЈА ГИ УРНА АМЕРИКАНЦИТЕ, СЕГА ГО НАПАЃА НАЈГОЛЕМИОТ ФАВОРИТ Спектакл во Лос Анџелес
Фото: Принтскрин

Шпанија, која на турнирот пристигна како еден од главните фаворити за трофејот, вечерва ќе се соочи со Белгија, селекција која со импресивна игра ги елиминираше Соединетите Американски Држави и покажа дека сериозно може да се вмеша во борбата за највисок пласман.

„Фуријата“ досега има перфектен настап и без примен гол и со сигурни изданија во сите натпревари. Сепак, Белгија со своите последни настапи испрати јасна порака дека не смее да биде потценета. Токму затоа, дуелот кој започнува вечерва од 21 часот во Лос Анџелес се очекува да биде еден од највозбудливите на турнирот.

Шпанците предводени од Луис де ла Фуенте ја освоија првата позиција во групната фаза, а потоа во елиминациските натпревари ги совладаа Австрија со 3-0 и Португалија со 1-0. Победата против Португалија ја донесе Микел Мерино со погодок во финишот, со што Шпанија го продолжи одличниот серијал на големите натпреварувања под водство на својот селектор.

Нико Вилијамс сè уште не е целосно подготвен по повредата и најверојатно ќе започне од клупата. Во нападот се очекува главната опасност да доаѓа од Ламине Јамал на десната страна, додека Микел Ојарзабал би требало да биде најистурениот играч.

Од другата страна, Белгија по нешто послаб старт постепено ја пронајде вистинската форма. „Црвените ѓаволи“ ја завршија групната фаза на првата позиција, а потоа го елиминираа Сенегал по продолженија со 3-2, пред да приредат вистинска сензација со убедливата победа од 4-1 над домаќинот САД.

Избраниците на Руди Гарсија во последните натпревари покажаа голема ефикасност и разновидност во нападот, но пред четвртфиналето добија тежок удар, Амаду Онана го заврши настапот на турнирот поради повреда на предниот вкрстен лигамент. Се очекува Кевин Де Брујне да се врати во стартниот состав, додека Шарл Де Кетеларе повторно може да ја предводи офанзивата.

Натпреварот се игра во Лос Анџелес со почеток во 21:00 часот.

CATEGORIES
Share This