ШТО НОСИ ПОСЕТАТА НА РОКАС ВО КИЧЕВО Средби, дебата и европски пораки

Амбасадорот на ЕУ ќе разговара со локалната власт, граѓанскиот сектор и жителите за европската перспектива на земјата.

ШТО НОСИ ПОСЕТАТА НА РОКАС ВО КИЧЕВО Средби, дебата и европски пораки
Фото: Принтскрин
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети Општина Кичево, во рамки на иницијативата преку која ЕУ го приближува евроинтегративниот процес до локалните заедници.

Работната посета ќе започне со средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и членовите на општинскиот Совет. На состанокот ќе се разговара за европските перспективи, придобивките од идното членство во ЕУ, како и за влијанието на европската поддршка врз развојот на локално ниво.

Од Делегацијата на ЕУ во Скопје информираат дека посебен акцент ќе биде ставен на конкретните проекти финансирани со европски средства и нивниот придонес за подобрување на условите за живот на граѓаните во кичевскиот регион.

Во текот на посетата, Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓански организации, а ќе учествува и на јавна дебата со жителите на Кичево, каде ќе бидат разменети мислења за евроинтегративниот пат на земјата и улогата на локалните заедници во тој процес.

CATEGORIES
Share This