ПРОВЕРЕТЕ ЈА СМЕТКАТА Денеска започна исплатата на социјалните, детските и цивилните надоместоци
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека од 9 јули започна исплатата на правата за јуни, а средствата се достапни преку банкомати, картички и во филијалите на банките.

Фото: Принтскрин
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денес, 9 јули 2026 година, започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2026 година.
Корисниците кои располагаат со дебитни картички можат средствата да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во трговската мрежа или да располагаат со нив преку електронско и мобилно банкарство.
Корисниците кои не користат дебитни картички, своите средства од денеска можат да ги подигнат на шалтерите во сите отворени филијали и експозитури на банките.
CATEGORIES Бизнис


