(ВИДЕО) КАМЕРИТЕ ФАТИЈА НЕПРИЈАТЕН МОМЕНТ Емине Ердоган ја повлече раката од Макрон, а експерт откри што стои зад потегот
Видеото од самитот на НАТО стана хит на социјалните мрежи, но експертите велат дека зад сцената нема дипломатски скандал.

Еден краток момент од самитот на НАТО предизвика огромно внимание на социјалните мрежи. Камерите го фатија францускиот претседател Емануел Макрон во необична ситуација со првата дама на Турција, Емине Ердоган, а снимката за кратко време стана вирална. На видеото се гледа како Макрон, во знак на учтивост и почит според француската дипломатска традиција, се обидува да ѝ ја бакне раката на сопругата на турскиот претседател. Но, Емине Ердоган веднаш ја повлекува раката, што предизвика бројни реакции и прашања дали станува збор за дипломатски пропуст.
Многумина на интернет го протолкуваа моментот како непријатна сцена, но експертот за говор на тело Мауриси Северин за порталот „Плејада“ даде поинакво објаснување. Според него, реакцијата на Емине Ердоган не била знак на навреда или незадоволство, туку повеќе одраз на културните разлики во начинот на поздравување.
„Во исламските култури, особено кај конзервативните личности, постојат поинакви правила на физички контакт и покажување почит. Повлекувањето на раката може да биде природен рефлекс, а не негативна порака“ – објаснува Северин.
Тој додава дека сопругата на турскиот претседател и претходно била позната по ваквиот начин на поздравување и дека нејзината реакција најверојатно не била насочена лично кон Макрон. Експертот посочува дека најважен детал е нејзината реакција веднаш по моментот. Емине Ердоган не покажала лутина или непријатност, туку продолжила со насмевка и позитивен говор на телото. Според анализата, таа била опуштена во комуникацијата со францускиот претседател, а при средбата со сопругата на Макрон имало топол поздрав со прегратки и бакнежи.
Северин заклучува дека станува збор за судир на различни дипломатски навики, а не за вистински протоколарен скандал. Макрон применил стил на поздравување карактеристичен за западната дипломатија, додека Емине Ердоган реагирала според сопствените културни норми.
View this post on Instagram


