ФИФА ДОНЕСЕ ОДЛУКА КОЈА ГИ РАЗБЕСНИ ФРАНЦИЈА И МАРОКО Аргентинец ќе го суди четвртфиналето
Факундо Тељо ќе биде главен арбитар на дуелот Франција – Мароко, но неговото назначување отвори низа прашања.

Аргентинскиот арбитар Факундо Тељо е избран за главен судија на првиот четвртфинален натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко, но одлуката на ФИФА веднаш предизвика реакции кај двете страни.
Во Франција изборот на судија од Аргентина се смета за спорен, бидејќи аргентинската репрезентација сè уште е во борба за трофејот и би можела да се соочи со Франција во финалето. Слични забелешки имаше и од Аргентина, откако францускиот судија Франсоа Летексиер беше делегиран за нивниот осминафинален дуел против Египет.
Мароканците, пак, имаат друга причина за претпазливост. Тељо веќе им судеше на Светското првенство во Катар, во четвртфиналето против Португалија, кога во завршницата го исклучи Валид Чедира по два брзо добиени жолти картони.
За 44-годишниот аргентински судија ова ќе биде трет натпревар кој ќе го води на Мундијалот 2026.


