ДОАЃА ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО По жештините следуваат дожд и грмежи
Температурите ќе достигнат до 35 степени, но во попладневните часови во повеќе делови од земјата се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и северозападен ветер.

Фото: Национал
Времето денеска (7 јули) ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се движи од 11 до 35 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во одделни делови од котлината е можна краткотрајна појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
CATEGORIES Македонија


