Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира следниот понеделник да отпатува во Вашингтон, каде што би требало да одржи средба со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти израелски извор запознаен со ситуацијата.
Двајцата лидери, кои не се сретнале лично од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, во петокот вечерта разговарале телефонски и се согласиле наскоро да организираат директна средба, пренесува Си-Ен-Ен.
Во интервју за Аксиос, Трамп изјави дека Нетанјаху „знае кој е надлежен“, што дополнително привлече внимание во јавноста.
Си-Ен-Ен претходно, во средината на јуни, објави дека Нетанјаху побарал итна средба со Трамп поради растечките тензии околу преговорите со Иран и спроведувањето на прекинот на огнот со Хезболах во Либан.
Во тоа време, канцеларијата на израелскиот премиер ги демантираше ваквите наводи.