(ВИДЕО) ИСПАДНАА ОД МУНДИЈАЛОТ, ПА ТРЧАА ПО МЕСИ Неговата реакција ги освои сите

Фудбалерите на Зеленортски Острови по елиминацијата целосно го заборавија резултатот и побараа селфи, дрес и фотографија со аргентинската ѕвезда, која возврати со духовита шега што стана вирална.

(ВИДЕО) ИСПАДНАА ОД МУНДИЈАЛОТ, ПА ТРЧАА ПО МЕСИ Неговата реакција ги освои сите
Фото: Принтскрин

По елиминацијата од Светското првенство, фудбалерите на Зеленортски Острови за момент ги оставија настрана разочарувањето и резултатот, а вниманието го насочија кон човекот кој со години им е инспирација – Лионел Меси.

Видеото кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како неколку репрезентативци во микс-зоната трпеливо го чекаат капитенот на Аргентина за да се фотографираат со него и да му оддадат почит.

Откако ги заврши обврските кон медиумите, Меси со насмевка им ја исполни желбата на сите, а потоа низ шега се потсети на случувањата од натпреварот.

„Ме прашаа за дресот, за сè… А на теренот ме клоцаа, хаха“, низ смеа искоментира аргентинската суперѕвезда, предизвикувајќи дополнителни симпатии кај присутните.

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, каде многумина ја истакнаа скромноста на Меси и искреното воодушевување на фудбалерите од Зеленортски Острови.

CATEGORIES
TAGS
Share This