НЕВЕРОЈАТЕН ФУДБАЛСКИ ДЕН Три меча – три различни трилери
Мундијалот носи изедначени мечеви и голема неизвесност.

Египет се пласираше во осминафиналето на Светското првенство по победа над Австралија со 4:2 по изведување пенали, откако натпреварот во регуларниот дел и продолженијата заврши 1:1. Египќаните поведоа рано, во 13. минута преку Ашур, додека Австралија израмни во 55. минута по автогол на Хани. Натпреварот понуди малку вистински шанси, со борба главно на средината од теренот, а најголемата прилика во продолженијата ја имаше Рабија во 95. минута, но голманот Бич одбрани. Во пенал-серијата, Австралија остана без реализиран удар од капитенот Сутар и Херингтон, кој ја погоди пречката, што ја одведе африканската селекција понатаму. Со ова, Египет за прв пат во историјата не само што стигна до нокаут-фаза, туку успеа и да помине прво коло.
Во спектакуларен натпревар, Аргентина по продолженија славеше со 3:2 против Зеленортските Острови. Актуелните светски шампиони двапати водеа преку Лионел Меси (29’) и Лисандро Мартинез (93’), но противникот се враќаше преку Дерој Дуарте (59’) и Сидни Лопес Кабрал (103’). Победата ја донесе автоголот на Дини во 111. минута. По натпреварот, Меси истакна дека мечот бил исклучително тежок и дека противникот заслужува респект за прикажаната игра.
Колумбија обезбеди пласман во осминафиналето со минимална победа од 1:0 над Гана. Единствениот гол го постигна Џон Ариас во 14. минута, по асистенција на Луис Суарез. Иако Гана имаше повеќе посед и неколку обиди, не успеа сериозно да го загрози голот на Колумбија. Колумбијците до крајот го контролираа натпреварот и преку контранапади создадоа неколку опасни ситуации, но остана конечни 1:0.
Колумбија во осминафиналето ќе игра против Швајцарија, додека Египет ќе ги одмери силите со Аргентина.


