НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ВОЈНА Куба испрати силна порака до САД, тензиите зовриваат

Кубанскиот претседател Дијаз-Канел порача дека земјата е подготвена да се спротивстави на секој притисок од Вашингтон.

НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ВОЈНА Куба испрати силна порака до САД, тензиите зовриваат
Фото: Принтскрин

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека Куба „не се плаши“ од САД и дека е подготвена да се спротивстави на секој притисок, вклучително и на можни сценарија за воен конфликт. Тој нагласи дека земјата не посакува војна, но истовремено не ја исклучува како можност и е подготвена да одговори доколку биде неопходно.

„Не сакаме војна, но не се плашиме од неа и се подготвуваме да не бидеме изненадени или поразени“ – изјави Дијаз-Канел во интервју за „Скај њуз“.

Тој додава дека Куба е решена да ја брани својата независност и суверенитет. Кубанскиот лидер ги обвини САД дека водат кампања на политички и медиумски притисок насочена кон дестабилизација на земјата. Според него, станува збор за стратегија на заплашување и психолошки притисок. Тој потенцираше дека Куба е мирољубива држава која не претставува закана за никого, но нема да прифати загрозување на својот суверенитет.

Како што пренесува „Мирор“, односите меѓу Хавана и Вашингтон се дополнително заострени по мерките на американската администрација, за кои кубанските власти тврдат дека придонеле за сериозни економски тешкотии, вклучително и недостиг на струја, храна и гориво. Од друга страна, американските претставници ги отфрлаат тие тврдења, наведувајќи дека проблемите во Куба произлегуваат од внатрешни економски слабости, а не од санкциите. Тие истовремено оставаат можност за зголемен притисок, но и за реформски чекори од страна на Хавана.

Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека Куба претставува безбедносен ризик поради нејзините врски со Кина и Русија, додавајќи дека актуелниот систем нема капацитет за реформи без политички промени.

КУБА МУ ПОРАЧА НА ТРАМП – Обидете се да нè нападнете и ќе го видите одговорот

CATEGORIES
TAGS
Share This