ДОСТА БЕШЕ СО ПРИВИЛЕГИИТЕ Мицкоски најави нови правила за успех во Македонија

Премиерот порача дека идниот развој ќе се темели на знаење, иновации и чесно работење, а институциите ќе станат вистински сервис на стопанството.

ДОСТА БЕШЕ СО ПРИВИЛЕГИИТЕ Мицкоски најави нови правила за успех во Македонија
Фото: Принтскрин

Македонија треба да стане држава во која успехот на граѓаните и компаниите ќе се темели на знаење, иновации и чесно работење, а не на политички врски и привилегии. Оваа порака ја упати премиерот Христијан Мицкоски пред претставници на бизнис-заедницата, министри и амбасадори, претставувајќи ја визијата за економски развој и подобрување на деловната клима.

Според него, целта е институциите да престанат да бидат административна пречка и да се трансформираат во вистински сервис на стопанството, создавајќи услови за фер конкуренција и одржлив економски раст.

„Нашата визија е јасна и да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење. Држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството, препознатлива по иновациите, квалитетните производи, чесното работење и конкурентната економија. Држава која ќе биде доволно силна да ги издржи кризите и доволно мудра да ги препознае можностите што тие ги носат“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека Македонија располага со знаење, капацитети и стопанство кое има потенцијал за раст, оценувајќи дека токму меритократијата и создавањето здрава бизнис-клима се клучни предуслови за економија што ќе може успешно да се справува со глобалните предизвици и да ги искористи новите развојни можности.

CATEGORIES
Share This