(ВИДЕО) МБАПЕ ГО УРНА КЛОСЕ, ДЕШАН МУ СЕ ПОКЛОНИ Франција гази кон нова светска титула

Два гола против Шведска, 18 мундијалски погодоци во кариерата и само еден чекор зад Меси – ѕвездата на Франција продолжува да пишува историја.

(ВИДЕО) МБАПЕ ГО УРНА КЛОСЕ, ДЕШАН МУ СЕ ПОКЛОНИ Франција гази кон нова светска титула
Фото: Принтскрин

Француската репрезентација продолжува сигурно да чекори кон ново финале на Светското првенство, откако во 16-финалето убедливо ја совлада Шведска со 3:0. Главен актер повторно беше Килијан Мбапе, кој уште еднаш ја потврди лидерската улога во тимот со два постигнати гола, по еден во двете полувремиња.

Ѕвездата на „триколорите“ со новиот голгетерски учинок стигна до шест погодоци и две асистенции на овој турнир. Воедно, Мбапе продолжи да пишува историја на светските првенства, бидејќи со вкупно 18 гола во мундијалската кариера го надмина легендарниот Германец Мирослав Клосе, кој има 16 погодоци.

Пред него сега останува само Лионел Меси, кој со 19 гола е на врвот на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на Светските првенства.

Откако Франција ја обезбеди победата, селекторот Дидие Дешан реши да го одмори својот најголем адут и го извади Мбапе од игра во 87. минута. Во моментот кога напаѓачот се упатуваше кон клупата, Дешан со неколку поклони му изрази почит за неговите настапи и придонесот во дресот на националниот тим.

Франција сега го продолжува походот кон нова светска титула во осминафиналето, каде ќе се соочи со Парагвај. Јужноамериканската селекција приреди големо изненадување со елиминацијата на Германија, а сега ја очекува нов тежок испит против актуелниот фаворит за трофејот.

 

CATEGORIES
Share This